Регистрирајте се на апликацијата.
Логирајте се и напишете ја вашата адреса.
Очекувајте го вашето такси на вашата локација.
Запознајте ги поволностите што ги нудат нашите програми за превоз наменети за компании, институции и други деловни субјекти. Закажувајте ги однапред сите возења или распореди за возења за вашите вработени или за вашите клиенти и партнери и потпрете се на нашата навремена и доверлива услуга.
Одделот за изгубено – најдено се грижи вашите предмети изгубени или заборавени во нашите возила да ви бидат вратени во најкус можен рок. Повикајте нè најбрзо што можете за да ги лоцираме возилото, возачот и деталите за вашето возење. Бројот на такси-возилото е многу важен. Осигурајте се да го забележите овој број секој пат кога влегувате во такси-возилото. Датумот, времето и крајната дестинација, исто така, се важни информации кои ќе помогнат вашите изгубени или заборавени работи да ви бидат најбрзо вратени. Тие се запишани на фискалната сметка и затоа секогаш земете ја фискалната сметка од Вашиот возач.
*Возачите и такси-компанијата не може да се сметаат за одговорни за секој предмет изгубен или заборавен од негрижа. Патникот е должен при излегување од возилото да се осигури дека си ги земал сите работи во негова сопственост.
Нашиот возен парк е составен од стандардизирани, современи и нови возила од брендот Renault, тип Fluence кои ги задоволуваат сите безбедносни и еколошки стандарди. Сигурносната опрема во возилата ги надминува стандардите пропишани со Законот за превоз на патници, а редовниот сервис и одржување ги прават нашите возила Ваш најсигурен избор. Сите возила се климатизирани заради Вашата поголема удобност, а хигиената во нив е беспрекорна и на највисоко ниво.
Copyright © IN TAXI | All Rights Reserved | Powered by DigitalCentar ®