Оддели

Ваучери

Ваучерите се одлична алтернатива за готовинското плаќање. Искористете ги да платите за вашето возење. Ваучерите се погодни за Вашите бизнис потреби и се убав подарок за Вашите пријатели или за членовите на Вашето семејство. Набавете ваучери за Вашите клиенти и деловни партнери.

ПРАТКИ

Испораката на пратки со нашите возила е најдобрата и најсигурна алтернатива за курирските служби. Вршиме испорака на секаков вид пратки, со најразлична големина, брзо, ефикасно, доверливо и навреме.

Дисциплинска комисија

Вашето задоволство пред сè…
Сите жалби сериозно ги разгледуваме и вршиме детална проверка на секоја од нив. Ако добиеме жалба за некој наш возач, тој е обврзан да одговара пред нашата дисциплинска комисија која одлучува за мерките кои ќе ги преземе.
Сите ваши сугестии и предлози се добредојдени.

Маркетинг

Бидете препознатливи…
Рекламирањето со светлечки реклами на крвот на нашите возила ќе Ви даде Вам и на Вашата компанија публицитет во цело Скопје и пошироко. Нашиот броен возен парк нуди бесконечни можности за промоција на вашите производи и услуги.
Рекламирањето со налепници ќе направи вашите производи и услуги да бидат поистакнати и повидливи за сите со тоа што целото такси-возило станува подвижен билборд за вашиот производ.
Со нашите возила годишно се превезуваат илјадници патници. Секој патник добива фискална сметка на крајот од возењето. Логото или реклама на вашата компанија може да се најде на задната страна на сметката или заедно со сметката, патникот да добие флаер или друг промотивен материјал. Дозволете нашите возачи да бидат Ваши маркетинг агенти.

Контрола на квалитетот

Ги задржуваме највисоките стандарди
Овој оддел е одговорен за испораката на услугите, за стандардите кои треба да ги исполнуваат возилата, за обуката на возачите и за дисциплината и квалитетот на работата на диспечерите и на возачите.

Мисијата на Ин Такси Доо е да им обезбеди безбеден, комфорен и пријатен превоз на нашите клиенти.

Информации:

078 215 551

Кеј 13-ти Ноември 28

Скопје (кај Дрводекор)

intaxi@intaxi.mk

Следете не на Фејсбук: